Култура

Галичник и неговите обичаии

Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Селската архтитектура во Галичник е сочувана, старите камени куќи се обновени, а се градат и нови зданија во духот на традицијата. Куќите се состојат од две и три катни висини, а нивниот денешен изглед датира од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Селото Галичник е светски познато по Галичката свадба која традиционално се одржува секоја година на 12 јули – Петровден. Препознатлива е по единствените, оригинални и неповторливи свадбарски обичаи. На овој ден доаѓаат луѓе од разни краишта на светот да ја проследат оваа необична свадба. Дел од обичаите на Галичката свадба се: одење по невестата, чукање на тапаните, свекрвиното оро, носењето на невестата на вода, канење на мртвите, бричење на зетот, замесување на лебот, венчавање во црква итн.

Image result for галичка свадба

Галичката носија, особено женскта галичка носија, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и црвената боја. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија.

 

 

 

Прикажи повеќе
Close