UncategorizedЉубов и секс

Како да му го зголемите интересот на првиот состанок

Првиот впечаток е многу важен, посебно ако сакате да ја инпресионирате личноста која ви се допаѓа. И мажите и жените си имаат свои тактики и правила за да предизвикаат поголем интерес и да остават позитивен впечаток. Доколку одите на прв љубовен состанок мора да ги знаете овие правила за  состанокот да биде успешен.

Изгледајте неодоливо. Едноставна фризура и шминка која не е нападна ќе направат да изгледате фантастично и романтично и нема да остави впечаток дека цел ден сте се приготвувале за состанокот.

Првиот состанок завршете го порано. Искористете го времето што ќе го поминете заедно за да му го зголемите интересот максимално, па тој нема да може да дочека да дојде вашата втора средба.

Отежнете му го закажувањето на вториот состанок. Закажете го состанокот во термин кога Вас ви одговара. Ако тој вели да се сретнете повторно во четврток, прашај те го дали му огровара петок со изговор дека имате планови за четврток..

Мистеријата ги полудува мажите. Покажете дека сте комуникативна личност, но бидете заштитнички настроени и зачувајте ги своите тајни.

Зголемете му го интересот со тоа што ќе го оставите да почека некоја минута, но ако доцните повеќе од 10 минути, тогаш ризикувате да оставите лош впечаток и да го изнервирате.

Без бакнување! Оставете го бакнежот за следниот состанок.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close