Здравје
Зошто треба да јадете Кисела Зелка

Лековити својства:
1. Го подобрува расположението
2. Го прави организмот отпорен на стрес
3. Ја активира размената на материи во мозокот
4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнца
5. Ја стимулира работата на клетките и подмладува
6. Помага за зајакнување на коските
7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвта
8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите
9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво
Расол или кисела зелка се добива од зелка со ферментација со разни бактерии, меѓу кои се Leuconostoc, Lactobacillus и Pediococcus.
Расолот има долг рок на траење и карактеристично кисел вкус кој доаѓа од млечната киселина настаната со бактериската ферментација на шеќерот во зелката.
Морепловецот Џејмс Кук секогаш носел расол на своите поморски патување за да ја спречи појавата на скорбут.
Расолот е во широка употреба во текот на зимските месеци. Од него се приготвуваат разни традиционални јадења како сарма и подварок, а може да се користи и за салата. Расолницата како нус-производ од расол, има своја употреба



