Здравје

Зошто ладните пијалоци се штетни?

Ладните пијалоци ги консумираме во поголеми количини, особено во летниот период. Но како тие влијаат врз нашето здравје?

Храната која се внесува во организмот треба да биде на собна температура. Ладните продукти допринесуваат за надуеност, иритација на кожата, хормонална нерамнотежа, дигестивна чуствителност, губење на косата и промени во расположението како депресија и зголемена анксиозност. Што води до заклучок дека ладните пијалоци се штетни по здравјето.

Ладните пијалоци негативно влијаат врз дигестивниот систем кој е особено чувствителен на температурата на храната и на течностите. Она што најмногу му штети на дигестивниот систем е ладен пијалок на празен стомак кој создава вистински шок за телото.

Кај луѓето кои пијат ладни пијалоци, особено наутро на гладен стомак можно е да почуствуваат дигестивна чуствителност во текот на денот.

Ладните лијалоци може да предизвикаат и хормонски дисбаланс. Ова може да се забележи преку повеќе симптоми како стомачни киселини, дијареа и раздразливост. Па се советува ладните пијалоци да се заменат со напитоци на собна температура.

Ладната храна и пијалоци предизивкуваат телото да создава блокада и да ги спречува ткивата да ги апсорбираат хранливите материи кои ги внесуваме.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични вести

Close