Свет

Виетнамската полиција заплени 320.000 користени кондоми!

Виетнамската полиција заплени над 320.000 користени кондоми кои нелегално биле продадени како нови, пренесуваат локалните медиуми.

На сликата се гледаат десетина вреќи со вкупна тежина од 360 килограми во магацинот во кој неодамна провалила полицијата.

Уапсена е жена за која се верува дека е сопственик на магацинот.

Кондомите наводно биле измиени, преобликувани со дрвени дилда и повторно спакувани за продажба.

Уапсената жена рекла дека и биле исплатени 0,17 долари за килограм кондоми, се вели во извештајот на државната телевизија Виетнам.

Не е јасно колку кондоми се продадени претходно.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close