Здравје

Како да се третираат изгорениците од сонце?

Изгорениците од сонце воопшто не се пријатни. Дури и кога сте навистина внимателни и често користите крема за сончање се случува да изгорите. Она што дополнително ја влошува состојбата е неможноста веднаш да се забележи изгореницата, бидејќи се појавуваат и неколку часа после изложеноста на сонце.

При изложување на сонце се препорачува повремено да проверувате дали има промена на бојата на кожата. Доколку забележите промена на бојата, веднаш треба да се прекине изложеноста на сонце.

Што да направите доколку забележите изгореници?

Првото нешто што треба да го направите е да ја ослободите топлината на кожата, која изгорениците ја заробуваат. Ладните облоги  можат да помогнат, како и туширањето со студена вода.

Постојат и одредени продукти кои можат да ви помогнат.

Алое вера веќе илјадници години се користи за третирање на разни состојби, а може да помогне и во третирање на изгорениците на кожата. Може да се користи крема што содржи алое вера или да се нанесе гелот директно од растението.

Црниот чај има антивоспалителни својства што значително може да помогне во намалувањето на воспаленијата од изгорениците од сонце.

Водата во првите неколку дена после создавањето на изгорениците е потребно да се пие во големи количини. Особено е значајно во овој период да се избегне дехидратација.

Етеричните масла во поголем број можат да ви бидат од помош. Најдобри за изгореници се маслата од лаванда, сандалово дрво и еукалиптус.

Јогуртот можете да го нанесете на изгореното место. Исто како и кислеото млеко, може да ја намали болката.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close