Љубов и секс

Мали тајни кои мажите , сакаат да ги знаете

Бесконечно долги разговори со пријателките, детално анализирање на најразлични ситуации, самопомагачки книги и многубројни бескрајни дебати посветени на машко-женските односи. Се чини дека жените упорно се обидуваат да ѕирнат во машкиот мозок. Ви треба мала помош? Ова се неколку мали слатки тајни кои мажите сакаат да ги знаете.

– Мислиме на Секс

Ова е без претерување една од најголемите вистини  кога станува збор за мажите. Статистиката вели дека мажите мислат многу повеќе и почесто на секс, за разлика од жените. И да, скоро сите без исклучок се редовни гледачи на порно содржини.

Колку побрзо се соочите со реалноста, толку полесно ќе навлезете во комплексниот машки ум, за кого мажите тврдат дека е прилично едноставно скроен.

– Ве слушаме додека зборувате

Се чини дека нам жените никогаш не ни недостигаат зборови, односно секогаш имаме нешто да кажеме. Мажите се трпеливи и верни слушатели и доколку сметате дека целосно се исклучуваат за време на вашиот монолог само затоа што ви реплицираат со кусо ДА или НЕ, размислете двапати. Мажите умеат да слушаат додека зборувате и пријатно да ве изненадат подоцна.

Но, не заборавајте дека не сакаат да изигруваат детективи. Го слушаат само она што е изречено јасно и гласно. Што нè носи до следната тајна…

– Не читаме меѓу редови

Мажите за разлика од жените не навлегуваат во детална анализа на разговорите и ситуациите, ниту пак кројат теории на заговор. Токму затоа, немојте да се лутите доколку не преземаат никаква акција откако ве прашале Што не е во ред?  а вие повеќекратно сте одговорите со зборот кој најмногу го мразат – Ништо.

Иако „ништото“ е секогаш “нешто“, мажите не го знаат тоа. За себе умеат да кажат дека не гледаат во кристална магична топка за да знаат што точно ве мачи и ви поминува низ умот.

Доколку го сакате нивното внимание или сакате да постигнете некаква цел, кажете го тоа отворено, бидејќи мажите ги сакаат изјавите уредно сервирани, а не обвиени со мистерија и двосмисленост.

-Ретко кажуваме Те Сакам

Време е да се соочиме со уште една вистина. Многу ретко ќе ја слушнете оваа љубовна изјава од страна на еден маж, посебно во почетокот на врската, освен ако не станува збор за лажго  или манипулатор кој сака побрзо да ве одвлече в кревет.

Мажите освојуваат бавно и повеќе сакаат акции и дела, отколку зборови. Затоа, немојте да го присилувате на вакви изјави.

веројатно една од полошите реченици кои може да ги изговорите и со тоа да направите тој да се почувствува непријатно.

-Мразиме Поставување на Ултиматуми

Бидете свесни дека делувате неверојатно злобно кога поставувате ултиматуми.

Мажите не се воопшто глупави и сакаат кога се однесувате со почит кон нив, а не кога ги задушувате со ултиматуми. Ваквите уцени се деградирачки и прилично потсетуваат на т.н. Павлов рефлекс. Дури и да го остварите замисленото во моментот, не заборавајте дека мажите паметат и овој низок и дрзок начин на постигнување на целта ќе ви се врати двојно полошо.

– Не барајте постојано комплименти

Жените сакаат комплименти и се чини дека ќе сторат сè за да изнудат неколку од страна на саканиот. Но, тоа што треба да го знаете е дека доколку изгледате навистина добро, мажот ќе пронајде начин да ви го (по)каже тоа, без разлика дали станува збор за вербална изјава во вид на искрен коментар или невербален гест како одушевувачка насмевка.

– Понекогаш први иницирајте Секс

Мажите сакаат кога сте безобразно храбри и ја преземате иницијативата за секс. Ништо не ги возбудува повеќе отколку жена која вистински ги посакува. Пожелно е одвреме-навреме да ги земете конците во своите раце и полека да започнете да плетете заведувачка мрежа околу вашиот партнер. Несомнено ќе ве цени многу повеќе.

– Чуствуваме несигурност и ние како и вие

Би се изненадиле доколку дознаете дека и мажите како и жените се соочуваат со несигурности поврзани со сопствениот изглед. Единствената разлика е што жените отворено разговараат и се жалат за своите недостатоци, додека мажите си ги чуваат мислите за себе. Но, тоа не значи дека се сметаат за совршени.

Тука секако се вбројува и големината на нивниот полов орган, тема која е прилично чувствителна за секој маж, како и прашањето околу квалитетот на нивниот сексуален перформанс в кревет и можноста да ве задоволат.

Мислевте дека само вие се загрижувате за несовршеностите на телото, како целулитот или малите гради? И мажите стравуваат за големината на својот пивски стомак или зголемената влакнетост на делови од своето тело, што е сосема нормално.

-Потребно ни е време за себе

Вие можеби не ја увидувате поентата на гледање фудбалски натпревар и не ја разбирате магијата на спортската обложувалница, неделното искачување на планина или риболовот, но мажите едноставно уживаат да поминуваат време со своите пријатели. Тоа е исто како женскиот шопинг или кафето со вашите пријателки.

Посилниот пол копнее по свој личен простор и време за себе и пријателите. Овозможете му ги тие драгоцени моменти без да го уценувате или вознемирувате со повици за време на дружбата. Покажете зрелост и очекувајте разбирањето да ви биде возвратено.

-Го мислиме тоа што го кажуваме

На крајот да сумираме, кај мажите ретко постојат двосмислени или скриени пораки. За себе изјавуваат дека Тоа што го гледаш, тоа и ќе го добиеш.

Навистина ретки се оние кои играат ментални игри и тука секако ги исклучуваме хроничните лажговци што ве убедуваат дека сигурно ќе ви се јават за да излезете на кафе.

Останатите мажи за себе тврдат дека се навистина едноставни и не ви се потребни никакви прирачници за да ги дешифрирате.

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close