Технологија

Најчести заблуди за технолошките уреди

Постојат повеќе заблуди во врска со функционирањето на мобилните телефони и компјутерите. Митовите за технологијата настануваат на тој начин што голем број од неточните информации се повторуваат повеќе пати и луѓето ги прифаќаат без да ја проверат нивната автентичност.

Најчестите заблуди за технолошките уреди се:

Квалитетот на камерата на мобилните телфони е во зависност од мегапикселите. Односно луѓето верува дека со повеќе мегапиксели добиваат подобра камера. Но мегапикселите се само една варијабла која го одредува квалитетот на камерата.

Од самите почетоци на користење на мобилните телефони се провлекува митот дека батеријата на телефонот треба да се испразни пред да ја наполните. Но сосема е ирелевантно дали ќе го наполните телефонот кога е целосно празна батеријата или кога е речиси полна.

Оперативниот систем на Apple како побезбеден од Windows, формираше уште еден мит. Луѓето веруваат дека е невозможно на Mac компјутерите да се појават висури, што не е вистина.

Фејсбук пак ги негираше обвиненијата дека ги слушаат разговорите на корисниците преку микрофонот на мобилните телефони. Луѓето веруваа во ова обвинение бидејќи сметаат дека на тој начин ги одбираат рекламите кои ги прикажуваат на нивната апликација. Од компанијата пак објаснија дека рекламите кои ги прикажуваат се во зависност од интересите кои корисниците доброволно ги откриваат на својот профил.

Иако теориски е точно тврдењето дека магнетите можат да ги избришат податоците од вашиот уред доколку ги поставите блиску до него, би било потребно да имате многу голем магнет за ова да се случи, додека вообичаените магнети како магнетите за фрижидер, се сосема безопасни.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични вести

Close