Живот и Стил
Зошто треба да го негувате пријателството
Пријателите се личностите кои сами ги бираме да бидат дел од нашиот живот и пријателствата навистина траат вечно ако ги негуваме и чуваме. Добрите пријатели имаат сила да ве насмеат до солзи и да ви ја избришат тагата од лицето. Еве зошто треба да го негувате пријателството:
- Со пријателите можеме секогаш да бидеме тоа што сме.Тие многу добро не познаваат и не прифаќаат такви какви што сме. Прават да се чувствуваме убаво и опуштено, дури и во најтешките моменти.
- Со пријателите споделуваме се, почнувајќи од секојдневните случувања до нашите најголеми тајни и проблеми. Секому му е потребна доверлива личност, на која ќе може да и кажеме се.
- На крајот на денот, не е толку важно што ви се случувало, туку како ќе го надминете тоа и како ќе се справите. А вистинските пријатели се оние кои секогаш се тука за вас и за насмевка и како рамо за плачење.
- Понекогаш не ни се потребни зборови и совети, потребна ни е само прегратка од некој кој се грижи за нас. Некој кој е тажен кога сме ние тажни, кој е среќен кога сме ние среќни. А тоа се пријателите.
- Стресните настани помалку допираат до вас кога имате добри пријатели. Средбите со пријателите помагаат на организмот да лачи повеќе окситоцин, хормон кој не смирува и прави да се чуствуваме подобро.
- Вистинскиот пријател нема да не излаже. Колку и неговото мислење да се коси со нашето, тој го кажува тоа што го мисли и чувствува за дадена ситуација.