Живот и СтилЗдравје

Зошто е корисно да се пие една чаша вино во текот на денот

Навиката да се напиеме чаша вино во вечерните часови за подобар сон е широко распространета, бидејќи проблем со несоница има секоја втора возрасна личност. Со цел да се опуштите и да го забрзате вашето “патување“ во царството на соништата, пожелно е пред спиење да се напиете една чаша вино.

Истражувањето направено во универзитетот Вашингтон Стејт покажува дека виното и слабеењето одат рака под рака. Чаша црвено вино пред спиење помага за губење на килограмите, благодарение на влошебната состојка ресвератрол и кој помага масното ткиво побрзо да се разгради.

Резултат со слика за glass of red wine in the bath

Една чаша вино секој ден се одразува позитивно на срцето на дијабетичарите, особено ако виното е црвено. Луѓето кои консумираат вино, една чаша дневно, имаат подобра меморија од оние кои не консумираат. Покрај тоа, виното го зголемува т.н. „добар“ холестерол, кој го спречува затнувањето на артериите.

Виното содржи полифенол, супстанција што има силни антиоксидансни својства, па го спречува процесот на стареење и помага во спречување на низа болести. Црното вино е поздраво од белото бидејќи содржи четири пати повеќе полифенол отколку белото вино.

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close