Здравје

Витамин А

Витамин А е силен имуностимулатор, кој го добил името еликсир на младоста поради волшебното дејство врз кожата и се нарекува уште витамин на раст. Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен и во лекувањето на акни и мали брчки.

Витаминот А е особено важен за одржување на видот (на очите), за добрата состојба на кожата, коските, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции. Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од паразити, бактерии и вирусни инфекции.

Богати со витамин А се како животинските, така и растителни производи – јајца, црн дроб, млеко, рибино масло, јаболка, праски, кајсии, шипинка, слива, црна рибизла, моркови, тиква, црвени пиперки, домати и др.

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close