Живот и Стил

Домашни маски за негувана коса

Негуваната и сјајна коса е императив за секоја жена. Сувата, оштетената и фарбаната коса бара посебна нега, па ако купените производи не ви делуваат доволно хранливо, секогаш можете да се одлучите за некои домашно подготвени маски

Маски за зајакнувања и побрз раст на косата.

Потребни состојки:
1 жолчка
1 лажиче мед
1 лажиче топло млеко
20 грама квасец

Медот, млекото и квасецот се мешат и се остава да нарасне 15-10 минути. Потоа се додава жолчката се промешува и се премачкува косата. Ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 1 час.

Природна маска за сјај и мекост

Потребни состојки:
1 лажица мед
1 јајце
2 лажици масло од рузмарин

Изматете го јајцето и во него додајте ги маслото и медот. Мешајте додека не се соединат. Ставете ја маската на главата и со врвовите на прстите лесно масирајте и разнесете ја смесата по целата коса. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да делува 30 минути. Измијте со млака вода и шампон.

Ревитализирачка маска со авокадо и мајонез

Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
1 авокадо
2 лажици мед
½ чаша мајонез

Испасирајте го авокадото. Додајте ги медот, маслото и мајонезот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја маската на косата и масирајте 2 минути. Потоа, ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 20 минути. Измијте со млака вода и шампон.

Маска од банана

Потребни состојки:
1 банана
1 лажица мед

Состојките ставете ги во блендер сè додека не добиете еднолична маса. Смесата ставете ја на косата, ставете кеса и држете околу 20-тина минути. Исплакнете и користете шампон и регенератор, како и вообичаено. Оваа маска е одлична за оние со тенка коса, бидејќи бананата содржи калиум, кој ја зајакнува оштетената коса.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close