Свет

Еко селата како решение на голем број проблеми

Се повеќе млади луѓе се решаваат да заминат во руралните средини, напуштајќи ги бучните градови. Оваа идеа води до формирање на концептот еко село, каде што луѓето се во можност целосно да ги искористат придобивките на природата.

Глобализацијата со текот на времето ги принудува луѓето да се вратат во прегратките на природата.

Но за оформувањето на една еко заедница треба да се задоволат повеќе нивоа, од примена на принципи на одржлив развој, враќање на обичаите до градење на еколошки градби, користење на алтернативна енергија и произведување на здрава храна. Комбинација на сите овие елементи можат да придонесат до успешно спроведување на еко заедница.

Една еко заедница во просек е сочинета од 50 до 250 индивидуи. Луѓето кои се дел од еко заедницата живеат по строго определени правила, со големо чувство на емпатија, грижејќи се за секој член на заедницата. Ваквите примери за еко зедници почнуваат од поединци, семејства кои меѓусебно се врежуваат и го воспоставуваат концептот за кој се залагаат.

Еко селата можат да се сретнат како во високо развиените земји, така и во оние послабите. Со растот на својата популарност, денес можат да се сретнат насекаде низ светот. На ова движење се приклучуваат се повеќе поединци , па еко селата имаат членови од Данска, Германија, Исланд, Норвешка, Бразил, Мексико, Кина …

Овие групи на луѓе веруваат дека промената која сакаме да ја видиме треба да почне тука и сега. Познато е дека луѓето со векови наназад живееле во слични заедници, што ја остава отворена можоста и денешниот човек повторно да се поврзе со природата.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close