Здравје

Излечете ги раните со природни состојки

Денес постојат многу продукти кои што можат да ни помогнат во заздравувањето на рани. Природата е најдобар лек па затоа предлагаме лекови на природна база.

Мед. Тој е еден од најкорисните природни продукти кој е корисен за здравјето, но и за директен третман на рани на телото, како и за пост изгореници. Ако раните тешко ви зараснуваат, можете да ги излечите со мелем од една супена лажичка мед и седна жолчка. Пожелно е мелемот да се користи два пати дневно додека раната не зарасне.

Алое вера. Билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Гелот од алое вера содржи антивоспалителни супстанци и се користи за третман на рани. Алое вера е најдобро познатиот лек за третман на кожата.

Кантарион. Маслото од кантарион е одличен домашен лек. Кантарионовото масло е богато со хиперицин, танини и флавоноиди, а се нанесува на сите рани и дејствува противвоспалително, антивирусно и антимикотично, а ја подобрува и епителизацијата на кожата.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close