Здравје

Oвошја кои треба да ги консумирате во лето

Жешките летни денови совршено се комбинираат со освежително, сочно овошје.

Ова се седумте овошја кои треба почесто да ги консумирате во лето, а се нискокалорични и со многу мали количества на јаглехидрати. Пожело е да ги консумирате почесто во летниот период за Вашето здравје да има најголеми придобивки.

 

Јагоди

Можете да ги консумирате во неограничени количини бидејќи една чаша јагоди содржи само 12 грама јаглени хидрати. Јагодите се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.

Малини

Малините се многу популарно овошје со прекрасна арома. Богати се со хранливи материи како што се антиоксиданси, минерали и витамини. Поради присуството на калциум малините се одлични во борбата против разни болести.

Боровинки

Боровинките се тајниот еликсир на младоста и здравјето и се природен аспирин кој ја ублажува болката, ја разредува крвта и го спречува воспалението. Научниците сметаат дека боровинките може да го забават процесот на губиток на меморијата настанат со текот на годините, и да ја поправат моторната способност. Имаат многу малку јаглени хидрати, на пример половина чаша боровинки содржи само 10 грама јаглени хидрати. Но ова овошје има многу антиоксиданти.

Цреши

Црешите изобилуваат со антиоксиданси, имаат малку калории, а можете да ги конзумирате свежи, сушени и замрзнати. Црешите се богати со витамин Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин, калциум, железо, калиум, но и многу минерали.

Поради нутриентите кои ги содржат, црешите помагаат во несоница бидејќи содржат мелатонин.

Диња

Ниската калорична вредност и големиот процент на вода ја прават дињата омилено и популарно овошје на многумина во летните месеци. Поволно влијае врз здравјето така што го намалува ризикот од дебелина, дијабетис и срцеви заболувања, го задржува здравиот изглед на кожата и косата, ја зголемува енергијата и помага за одржување на нормална телесна тежина.

Се препорачува да се консумира особено за време на изложување на сонце и високи температури бидејќи содржи бета каротен и витамин Ц.

 

Лубеница

Лубеницата е полна со вода, што е особено здраво и содржи само 11 грама јаглени хидрати. Незината црвена боја и освежителен вкус ја прави да биде симбол на летното овошје. Но ова овошје има и одлично делување на Вашето здравје. Обилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира Вашето тело.

 

Авокадо

Авокадото има малку јаглени хидрати и многу здрави масти. Американските научници дошле до сознание дека честата консумација на авокадо може позитивно да делува при регулација на холестерол. Авокадо може лесно да се воведе во секојдневната исхрана затоа што се согласува со сите видови на храна вклучувајќи ја рибата, месото, салатите, млекото и млечните производи.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close