Живот и Стил

Зошто неко луѓе не сакаат да се гушкаат

Американските научници се обидоа стручно да објаснат што предизвикува кај некои луѓе одбивност од физички контакт, гушкање, допирање за рамениците, држење за раце и сл.

 

Научниците тврдат дека во повеќето случаи причината за тоа е начин на воспитување, а одбојноста на некои возрасни луѓе од физички контакт во повеќето случаи доаѓа од детството.

Постојат два начина преку кои прегрнувањето може да влијае на развојот

Луѓето кои пораснале со родители кои се гушкале и ги гушкале, ја продолжиле оваа практика. Тие со поголема веројатност подоцна би ја користеле истата шема на однесување кај нивните деца. Децата кои не биле доволно прегрнувани подоцна често бараат помалку физички контакт.

Постојат два начина преку кои прегрнувањето може да влијае на развојот. Првиот е недоволно развиен нерв наречен вагус, што може да предизвика намален капацитет за интимност и сочувство.

Вториот е недоволно ослободување на хормонот окситоцин, кој помага да се создадат блиски врски меѓу луѓето.

Влијанието на културата како важен фактор

Научниците се согласуваат дека културните елементи не треба да се игнорираат, кога станува збор за физички контакт и гушкање. Како пример се наведуваат жителите на Северна Америка и Велика Британија, кои се прегрнуваат помалку од, на пример, жителите на Франција или Порто Рико.

Во ред е да се избегне гушкање со странци и секој има право да го контролира она што се случува со неговото тело. Аверзија кон прегрнување може да се надмине.

Сепак, тоа не е потребно, затоа што нема ништо лошо во избегнување на гушкање и нема потреба да чувствувате притисок.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close