UncategorizedЖивот и Стил

Говор на телото

Говорот на телото има огромен удел во комуникацијата со луѓето. Разбирањето на пораките што другите невербално ги испраќаат, може да ви каже многу за нивните чувства, мисли и намери. Говорот на телото обезбедува неверојатно големо количество информации за тоа што мислат другите луѓе ако знаете на што да внимавате.

Насмевка. Вистинската насмевка допираат до очите и предизвикуваат моментална појава на мали брчки околу нив. Луѓето често се смеат за да го сокријат она што навистина го мислат и чувствуваат, а следниот пак барајте ги брчките околу очите кога ќе сакате да знаете дали некоја насмевка е искрена, ако не се појават, насмевката не е искрена.

Зениците . Ако на некој му се допаѓа тоа што го гледа, неговите зеници стануваат се поголеми и поголеми, како и зачестеноста на трепкањето се зголемува.

Грицкање на усните. Грицкањето на усната, без разлика дали е долната или горната, го споречува говорот, што укажува на тоа дека некој се воздржува од некои зборови.

Криење на раката. Ако целосно ги криеме рацете, тоа значи дека се обидуваме да скриеме уште нешто. Но ако од џебовите ѕиркаат палците, тоа значи и делумна желба за доминација.

Триење на дланките. Триењето на дланките, па дури и лицето или вратот, покажува дека личноста е под стрес или се чувствува нервозно во врска со нешто. Ако личноста почне да прави такви движења додека ѝ зборувате, тогаш тоа значи дека сте кажале нешто што ја вознемирило. Тоа значи дека се грижи за нешто што направила или треба да направи.

Отворени дланки. Покажувањето на дланките е многу пријателски гест кој ги покажува вашите мирнољубиви намери. Тоа покажува прифаќање, како и отвореност кон нови идеи.

Ракување. Познато е дека ракувањето не треба да биде ниту многу силно ниту многу слабо, но добрата работа е што со ракувањето може да дознаете многу за личноста со која се ракувате. Ако личноста ја земе вашата рака од одозгора, со дланката свртена надолу, тогаш тоа значи дека сака да покаже доминација над вас. Ако пак личноста се ракува одоздола, со дланката нагоре, тогаш тоа е знак на слабост и несигурност.

Копирање на говорот на телото на соговорникот. Тоа значи дека разговорот тече добро и дека другата страна ја прима вашата порака. Повторувањето на говорот на телото е нешто што го правиме несвесно кога чувствуваме поврзано со соговорникот.

Прекрстените раце и нозе. Прекрстените раце и нозе се телесна бариера која сугерира дека личноста не е отворена за тоа што го велите. Дури и ако се насмевнуваат и се впуштаат во пријатен разговор, нивниот говор на телото раскажува друга приказна. Скрстените раце се како знак за “не ми се приближувај“. Можеби луѓето не ви се допаѓаат, досадно ви е, лути сте и ви е потребен одбранбен механизам. И верувајте, таквиот механизам функционира успешно, со што ги оттргнувате сите од себе, праќајќи гласна и јасна порака. Од друга страна, скрстените дланки на скутот, нивното ставање зад грб или покрај телото, праќаат порака на опуштена и отворена личност.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични вести

Close