Свет

Најскапото Вино во Светот

Најскапото вино на светот во 2019 година не е ни италијанско, ниту француско, туку е вино од Унгарија, пишува италијанската “Република”.

Дваесет шишиња од литар и пол ја сочинуваат унгарската ексклузивна колекција на кралското токајско вино Ројал Токаи “Есенција” од Унгарија, а едно шише од оваа колекција изнесува 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североистокот од Унгарија, а истото е направено од бербата од 2008 година. Шишињата се дизајн на уметникот Џејмс Каркас, а секое од тие 20 има тапа направена токму за нив во Португалија. Рокот на траење е до 2300 година, а досега се продадени 11 шишиња од таа колекција. Цената ја одредуваат низа фактори, вклучувајќи ја и “благородната мувла” која е заслужна за уникатниот и неповторлив вкус на виното. За ова вино произведувачите велат дека не би можеле повторно да ја произведат неговата единствена арома.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close