Свет

Како и зошто настанале имињата на најпознатите, Коктели

Daiquiri

Наречен според истоименото село во Куба, коктелот Daiquiri не беше популарен сè додека не му се допадна на еден американски војник кој го претстави на неговите пријатели, а потоа го рашири по воените кафулиња.

Настанувањето на коктелот влече корени од шпанско-американската војна кога била забранета трговијата со пијалаци. Со оглед на тоа дека ништо друго не било достапно, локалното население консумирало рум кој е главната состојка на овој коктел.

Bloody Mary

Според една теорија, Bloody Mary своето име го должи на изговорот на руското име Владимир, со оглед на тоа дека бил подготвен за човекот по име Владимир Смирнов.

Mојito

Кај овој коктел називот има буквално значење. Мохо е шпански назив за кубанскиот пијалак кој се прави од цитрусно овошје. Mojito е всушност деминутив кој значи „мал мохо“.

Mai Tai

„Маи таи“ значи одлично, а тоа сигурно го извикале оние коишто го пробале коктелот за првпат, па затоа добил вакво име.

Pink Lady

Името на коктелот – Pink Lady е преземено од истоимениот мјузикл.

Long Island Iced Tea

Овој коктел го доби името според градот во кој настана, Њујорк.

Називот го има добиено и според сличноста со ладниот чај, според боја и вкус.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close