Здравје

Витамин Е

Витаминот Е познат како “витамин на убавината“ е главна состојка во многу козметички продукти за нега на кожата и има значително влијание врз процесите на стареење. Тој може да се користи како намалување на брчките и акните, побрзо заздравување на рани, како заштита од изгореници и др.

Витаминот Е е распространет во природата, особено во растителниот свет. Најмногу е застапен во растителните масла, јаткастите плодови како бадеми, лешници, зеленчукот со зелени листови како спанаќот, житарките, семките од сончоглед и тиква, ореви, авокадо, сладок компир и др .

Храната богата со витамин Е најдобро е да ја јадете свежа, без да ја готвите. Готвената храна содржи 50-90% помалку витамин Е отколку свежата. Складирајте ја храната богата со витамин Е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

 

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close