Свет
Исчезнаа два острови, поради глобално затоплување
Оваа шокантна вест ја објави весникот „Стрејт тајмс“.
Шефот на локалниот Форум за заштита на животната средина, Хајрул Собри ја потврди оваа информација и рече дека во моментот „Бетските и Гундулските острови се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“.
Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и Океанија и е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 260 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта.
И покрај големиот број на жители и густо населените региони, Индонезија има огромни области со дивина благодарение на кои таа се наоѓа на второто место во светот со најголем степен на биодиверзитет. Земјата е богато обдарена со природни ресурси, но сепак сиромаштијата останува широко распространета во современа Индонезија.