Живот и Стил

Медитација

Медитацијата е техника со помош на која физичкото и духовното тело се доведуваат во хармонија.
За време на медитација се ослободуваат сите енергетски блокади кои ги има во телото, се зголемува енергетскиот проток и се зголемува свеста.

Она што се издвојува како најголемата предност на медитацијата е внатрешен мир, емоционална контрола, полесно постигнување на фокус во работата или други активности, намалување на влијанието на стресот и полесно да се справите со стресот, подобро внимание и концентрација.

Луѓето кои редовно медитираат имаат развиена интуиција и се поинтелигентни, имаат позитивни ставови кон животот, помалку критикуваат и знаат да уживаат во благодатите на животот, кога ќе се соочат со некој проблем имаат способност да ја откријат причината за настанувањето на проблемот и да најдат прави решенија за да го решат.

Истражувањата покажуваат дека, луѓето кои долго време медитираат имаат забавено губење на мозочната маса на постара животна возраст. Медитацијата може да да го подобри вниманието, помнењето, говорот, креативноста и способноста за работа.

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Слични вести

Close