ЗдравјеЉубов и секс

Седум причини зошто треба почесто да се прегрнуваме

Прегрнувањето е позитивна и исклучително топла форма на комуникација која пренесува љубов, приврзаност, благодарност, родителска поддршка, пријателска грижа, охрабрување и сл. Прегратката дава одлично чувство и во неа се чувствуваме сакано и сигурно.

  1. Ја интензивира поддршката. Истражувањата покажале дека поддршката меѓу партнерите е поголема кај паровите кои почесто се гушкаат. Преку прегратката тие меѓусебно се охрабруваат и поткрепуваат.
  2. Подобрување на спиењето. Гушкањето, особено кај малите деца, се поврзува со намалена активност на центарот за страв во мозокот, па тие полесно заспиваат во прегратката на своите родители.
  3. Редуцирање на стресот. Прегрнувањето го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи за време на стрес, а ги зголемува нивоата на серотонин и допамин, хормони поврзани со доброто расположение, па нормално е по пријатната прегратка да се чувствувате подобро.
  4. Се зголемува довербата. Кога добивате прегратка а особено во тешките мигови, ви се зголемува чувството на сигурност. Чувствувате дека поред себе имате човек од доверба.
  5. Се намалува чувството на осаменост. Луѓето кои добиваат прегратки не се чувствуваат осамени, затоа што се убедени дека ја имаат на своја страна личноста која ги прегрнува
  6. Ја подобрува љубовната хармонија. Гушкањето ја зголемува сигурноста и довербата во партнерот и со тоа придонесува за градење на стабилни и хармонични односи.
  7. Прегратката прави да се чувствуваме добро. Кога ќе прегрнеме некого, се ослободува окситоцин поради што се чувствуваме топло и нежно. Окситоцинот е во врска и со чувството на поврзаност. Тој влијае и врз чувството на доверба.
Прикажи повеќе

Слични вести

Close