Свет
Портрет стар пет века
Сликата била направена во 1562 година , четири години по доаѓањето на Елизабета Прва на власт , кога приритет на британскиот двор бил таа да се омажи.
Со овој портрет биле привлекувани претставниците од кралските дворови низ Европа , на кои им бил праќан портретот на младата кралица.
Сликата ќе биде понудена на аукција во Лондон на 4. декември , а се проценува дека ќе достигне цена меѓу 150 000 и 250 000 фунти.