Здравје

Зошто да јадете Калинка

Многу од состојките кои ги содржи калинката се неверојатно корисни за нашето здравје.

Една калинка може да содржи до 800 семки, а тие се побогати со антиоксиданти дури и од црното вино и зелениот чај, а богати се со витамин Б, Ц, калциум и фосфор.

Калинката освен тоа што го штити организмот од стареење, ги штити и бубрезите и црниот дроб, а е и одличен во борбата против артеросклерозата. Калинките го намалуваат и лошиот холестерол и ризикот од оштетување на крвните жили.

Се препорачува да се пие сок од калинка за време на гриповите и настинките.

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки.

Оваа вкусна напивка е вистински концентрат од витамин Ц, богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа.

Древните Египјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека таа симболизира надеж и нов живот, а на многу стари икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во раката држат калинка.

Плодот на калинката претставува вистинска мала витаминска бомба на вредни биоактивни состојки кои ублажуваат многу здравствени нарушувања и болести.

Калинката е богат извор на витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б5, селен, цинк, железо, натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, бакар и два типа соединенија на кои им се припишува антиоксидантна активност.

Бројните истражувања кои во последно време сѐ повеќе и повеќе се вршат на калинката покажуваат неверојатно добри ефекти по однос на здравјето.

Прикажи повеќе

Слични вести

Close